Invest North Macedonia на меѓународен саем за вино, храна и туризам” Винска визија на отворен Балкан”

Open Balkan 1

Делегацијата на Invest North Macedonia предводена од Директорот, Беким Емини во периодот од 1-ви до 4-ти септември го посети првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам “Винска Визија на Отворен Балкан” кој се одржа во Белград, Република Србија.

На првиот ден на саемот Агенцијата зема активно учествуво во работната група за изготвување документ кој ќе биде основа за создавање на Предлог – Mеморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз (Invest North Macedonia), Албанската агенција за инвестиции и развој (AIDA) и Развојната агенција на Србија (RAS).

Вториот ден предлогот беше презентиран на состанокот на лидерите со инвестициска иницијатива на Отворен Балкан, поддржано од Атланскиот Совет, за време на состанокот свое излагање имаше и Директорот на Агенцијата, Беким Емини кој потенцираше дека ова е концепт нота со дефинирани области кој има за цел да ги доближи економиите во регионот.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest