„Отворен Балкан“ за европска иднина на регионот

open-balkan

Директорот на Агенцијата Дејан Павлески, на покана од Кабинетот на претседателот на Владата, присуствуваше на Економскиот форум за регионална соработка, кој е организиран во координација со кабинетите на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, а во соработка со стопанските комори од регионот.

Целта на иницијативата е „нула минути чекање“ и да нема царини  на  границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

Денеска, на регионалниот економски форум во Скопје, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама со цел олеснување на трговијата, движењето на граѓаните и развојот на економијата потпишаа три меморандуми: Меморандум за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан; Меморандум за разбирање за соработка во врска со слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан и Договор за соработка за заштита и спасување од катастрофи на Западен Балкан.

Нашата цел е една економија, без граници – 100 отсто слободна трговија, нула царини, нула пречки за движење на граѓаните, нула бариери за стоките, услугите и сервисите, нашите земји да ја имаат европската слобода во нашиот регион, истакнаа лидерите и додадоа дека политичките прашања многу полесно се решаваат кога се обединети економиите и деловните заедници.

На состанокот на лидерите Заев, Вучиќ и Рама, претставено беше и новото име и лого на Иницијативата за регионална соработка –  Мини Шенген, во која се опфатени Србија, Северна Македонија и Албанија – од денеска “Open Balkan”(Отворен Балкан), со цел до 2023 година да се укинат границите меѓу трите земји, „нула минути’ чекање  на границите за граѓаните и транспортот на стоките.

Економскиот форум за регионална соработка е во организација на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во координација со кабинетите на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, а во соработка со стопанските комори од регионот Најголем број од 400- те компании кои учествуваат на форумот се од земјоделскиот и градежниот сектор, прехранбената, текстилната и машинската и автомобилската индустрија, туризмот, телекомуникациите, ИТ секторот,транспортот и логистиката.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest