Северна Македонија рангирана на второ место на глобалниот натпревар за привлекување СДИ

Слика
Северна Македонија е рангирана на второ место според Индексот на перформанси на FDI за Investment Monitor 2022
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот како примарна институција надлежна за привлекување на СДИ е целосно посветена на реализација на активности, имплементација на владините мерки и програми во насока на подобрување на имиџот на Северна Македонија пред странските инвеститори.
Преку постојаната поддршка на странските инвеститори во земјата, воспоставувањето и јакнењето на деловната соработка на постоечките инвеститори со локалните добавувачи, Агенцијата активно обезбедува стимулирање на нови инвестиции, креирање на нови работни места и зголемување на конкурентноста на македонските компании“, како потврда на ова е рангирањето на земјата на високото второ место според Индексот на перформанси на FDI за Investment Monitor 2022.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest