Основни надлежности на Агенцијата:
- Развивање на годишна основа, ажурирање и имплементирање на најдобрите практики на стратегии за промоција на инвестиции за привлекување странски директни инвестиции;
- Развивање на годишна основа, ажурирање и имплементирање на најдобрите практики на стратегии за промоција на извозот;
- Развивање на неопходните вештини за ефективно развивање и имплементирање на стратегијата за промоција на инвестиции и извоз за исполнување и надминување на очекувањата на странскиот инвеститор со диференцирање на Република Северна Македонија од други конкурентни земји преку давање на високопрофесионални услуги на инвеститорите, во процесот на прединвестирање, инвестирање и реинвестирање и високо професионални услуги во врска со промоција на извозот;
- Вградување на стратегија за идентификување, во рамките на стратегијата за инвестиционa и извозна промоција на оние сектори кои претставуваат најдобри перспективи за максимизирање на нето економска добивка за Северна Македонија;
- Обезбедување услуги на инвеститорите и извозниците;
- Дефинирање и поткрепување на клучните маркетинг пораки насочени кон подобрување на имиџот на РСМ како локација атрактивна за инвестирање и генерирање инвестициски можности;
- Професионално презентирање на секторски специфичните и оперативните добивки кои РСМ ги нуди на инвеститорите и извозниците, во електронски и печатени медиуми;
- Развивање и имплементација на иновативни и поактивни промотивни настапи на целните пазари;
- Воспоставување ефективно партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор за екстензивна промоција на РСМ и развивање на база на податоци за целните компании и системи за следење за да се помогне идентификувањето и осигурувањето на инвестирањето;
- Развивање и имплементација на акционен план за целосно искористување на Интернет и информатичка технологија како средства за маркетинг и истражување;
- Промовирање на регионите на РСМ и искористување на секоја можност за поттикнување на странските инвеститори да користат производи и услуги од македонските претпријатија;
- Вршење анализа на условите за инвестирање и извоз и предлагање на измени на законската регулатива во насока на подобрување на климата за инвестирање и извезување;
- Испитување и поттикнување развојни иницијативи како што се стимулирање на порастот на Greendfield инвестиции и технолошки индустриски развојни зони, заради зголемување на конкурентноста на РСМ како локација за инвестирање;
- Давање информативни услуги на извозниците од РСМ во врска со надворешната трговија, извозните процедури, царини, даноци и законска регулатива, како и асистенција во обезбедување на сите административни лиценци и дозволи;
- Обезбедување на информации за пристап до меѓународни пазари заради олеснување на извозниците во изнаоѓање странски деловни партнери;
- Вршење на активности за промоција на извозот во земјата и странство и поврзување на македонските извозници со странските купувачи;
- Давање информативни услуги на странски компании за извозните потенцијали на РСМ;
- Организирање, учество и поддршка на меѓународни саемски манифестации, семинари и деловни настани на македонските извозници;
- Вршење на маркетинг истражувања за пристап на странски пазари, како и истражувања фокусирани на одредени сектори и пазари на државни и региони;
- Подготвување, промовирање и презентирање на извозните потенцијали на Република Северна Македонија во странство;
- Логистичка поддршка на трговски мисии и делегации во земјата и странство
- Обезбедување размена на информации меѓу амбасадите, дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и деловни субјекти, за испитување на пазарот и законодавството;
- Презентирање на можностите на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија во странство заради поттикнување инвестиции во туризмот и
- Врши и други работи во согласност со закон.