Invest North Macedonia во периодот од 6ти до 8ми септември заедно со претставници на неколку македонски компании, на покана на Трговската мисија на Полска зема учество на Меѓународниот саем за рударство, енергетска индустрија и металургија.
За време на престојот, компаниите од Северна Македонија имаа можност да се сретнат и да остварат Б2Б средби со полски компании, како и да ја изразат можноста за соработка во различни области, особено во машинери.
При посетата на Полска, претставници од Агенцијата остварија средба и со Смолнскиот центар за претприемништво, на која разменија искуства и предлози за понатамошна соработка.Во иднина се очекува продлабочување на соработката и со другите индустрии и промоција на извозните потенцијали за македонските производстведни компании од конкретните индустрии.