Почнувајќи од 24-ти октомври, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот е дел од најголемиот меѓународен саем за текстилна индустрија А+А, кој се одржува на секои две години во Дизелдорф, Германија.
А + А е најголемиот и најважен настан во светот кога станува збор за безбедноста и здравјето при работа, a учеството на голем број интернационални изложувачи и посетители само го рефлектира светскиот интерес во оваа значајна област. Главни теми на саемот се: безбедност при работа, сигурност при работа, заштита на здравјето на работа/корпоративно здравје, заштита од пожари/ управување со катастрофи и корпоративна мода.
Четири домашни компании (Албатрос, Евроџинс, Еуросолид, и Златекс) – производители на работна, корпоративна облека и заштитна облека имаат можност да бидат дел од националното изложување.
Учеството на саемот е организирано со поддршка од USAID EGDGE – Economic Development, Governance and Enterprise growth и Текстилно Трговско Здружение -Текстилниот Кластер на Република Северна Македонија , како и со поддршка од страна на Швајцарската програма за поддршка на извозот СИППО со обука наменета за подготовка за учество на саем.
На првиот ден од отворањето на саемот, директорот на Агенцијата, Газменд Абдија на националниот имаше можност да оствари значајни средби со бизнис секторот од Германија, како и со релевантни асоцијации и комори кои беа присутни на саемот. Штандот беше посетен од голем број заинтересирани компании кои се подготвени да остварат идна соработка со македонските компании.
На националниот штанд беше остварена средба со Абдилџемил Саити, економски советник од Република Северна Македонија во Германија и Австрија. На средбата беше заклучено дека е потребно да се реализира бизнис посета во Минхен, кој е главен центар за бизнис секторот во Германија. Целта на посетата на делегација составена од македонски компании е вмрежување и остварување на директни средби со компании членки на двете стопански комори во Минхен, како и посета на саемот за текстилна индустрија Munich Fabric Start.
Националниот штанд ќе биде отворен заклучно со 27ми октомври, кога завршува саемот, а нашите очекувања се градење на нови бизнис партнерства меѓу македонските и германските компании.
Агенцијата во таа насока останува посветена на обезбедување на континуирана поддршка на компаниите од текстилната индустрија.