2020 со 15% поголем извоз на индустријата за преработка на овошје и зеленчук

featuredimage

Вкупниот извоз на индустријата за преработка на овошје и зеленчук во 2020 година достигна рекордни 68.5 милиони евра, што е за 15% повеќе од 2019 година, покажува Анализата на презентацијата на користење на мерките и инструментите COVID-19 од оваа индустрија во 2020 и извозните потенцијали на компаниите, изработена од Македонската асоцијација на преработувачи (МАП).

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот учестуваше на видео конференцијата организирана од МАП, а поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка во согласност со Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

Агенцијата континуирано обезбедува финансиска поддршка на компаниите од овој сектор преку мерки согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, користење на веб порталот за промоција на извозот на домашните компании, како и обуки за компаниите.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest