Шест македонски компании меѓу 2121 учесници на светскиот настан А+А со помош на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот

IMG_1508

На најголемиот светски настан за безбедност и здравје при работа, Саемот “А+А”, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на шест домашни компании од текстилната индустрија им овозможи да ги продлабочат своите извозни активности.

На националниот штанд од 54м2 под брендот Invest North Macedonia домашните компании ќе се претстават на 38-то A+A БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ЕКСПО што се одржува во Дизелдорф, Германија.

Во сеуште пандемски услови кај нас и во светот, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот е максимално фокусирана на поддршка на македонските компании да ги зголемат своите инвестиции со цел зголемување на конкурентноста, а со тоа и да се зачува и зголеми и нивниот извоз.

Текстилниот сектор со 36.000 вработени кои сочинуваат ¼ од сите вработени во производството и придонес од 2,4% во вкупниот БДП е многу значаен за нас.

Со оглед дека најголемиот дел од производството е насочено на лон систем, потенцијалот за развој на овој сектор е навистина голем.

По распишан оглас и строга селекција им овозможивме на шест домашни компании од текстилната индустрија да се претстават на најголемиот настан во светот за професионална облека од 26-29 октомври.Компаниите што ќе земат учество на националниот штанд се: Златекс, Еуросолид и Textile Solution од Скопје, Албатрос и Ларс од Штип и охридската компанија Евро Џинс.

Ова е одлична шанса и можност на овие шест текстилни компании да ги презентираат своите проиводи пред илјадници компании и посетители со што би ги продлабочиле своите извозни вредности на германскиот пазар и пошироко, а со тоа би се зголемиле нарачките и производството на овие, но и на останатите текстилни компании кај нас.

Во оваа  прилика би сакал да се заблагодарам за несебичната поддршка и соработка на Швајцарската програ,а за поддршка на извозот (SIPPO) кој е наш долгогодишен партнер во развојот на нашите услуги во промоција на извозот, како и  Трговско текстилно здружение – Текстилен кластер, без чија помош овој настан немаше да биде возможен” изјави на денешната прес конференција директорот на Агенцијата Дејан Павлески.

“A+A БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ЕКСПО” има 10 изложбени центри кои зафаќаат површина од 78.000 квадратни метри. На оваа изложба учествуваат 2121 компании од 63 земји и повеќе од 73.000 професионални посетители.

Повеќе информации на следниот линк: https://bit.ly/3B3VmGU

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest