Дали Агенцијата за странски инвестиции и ромоција на извозот учествува на меѓународни саеми?
Да. Агенцијата организира учество на меѓународни саеми и други трговски и деловни настани.
2
Дали Агенцијата соработува со други деловни здруженија, кластери и комори за време на нивната подготовка за учество на деловни настани и саеми?
За успешна реализација на извозните промотивни активности, Агенцијата соработува со деловната заедница (комори, здруженија, кластери и компании и СИППО - Швајцарска агенција за поддршка на извозот).
3
Кои се главните активности за промоција на извозот што ги спроведува Агенцијата?
Организирање учество на меѓународни саеми и други деловни настани;
Организирање состаноци и обуки за компании;
Подготвување извештаи за пазарот, како и
Обезбедување податоци за индустриите што се важни за економијата на Република Северна Македонија.
4
Кои целни сектори ги поддржува Агенцијата?
Агенцијата е фокусирана на четирите целни сектори кои придонесуваат најмногу за зголемување на извозот на земјата:
текстилна индустрија;
метална индустрија, прецизна механика и автомобилски делови;
Агробизнис и индустрија за преработка на храна и
ИКТ.
5
Законски регулативи и стратегии:
Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/10, 36/11, 41/14 и 64/18),
Индустриска стратегија на Република Северна Македонија 2018-2027 година и
Стратегија за извоз (во фаза на изработка).
6
Дали Агенцијата организира обуки за компаниите што изложуваат на национален штанд?
Да. Агенцијата организира обуки со специфични експерти во индустријата. Организираме и посети на производствените капацитети на компаниите.
7
Кој модел на саемско претставување го применува Агенцијата?
Агенцијата го поддржува моделот на заедничко претставување на меѓународни саеми преку концептот на национален штанд. Изложувачите настапуваат под брендот Invest North Macedonia.
8
Први чекори за извоз
Со цел малите и средни претпријатија да научат за европскиот и светскиот пазар, треба да се фокусираат на општите принципи на извоз што компаниите треба да ги користат и се разбира, да развијат сопствена извозна стратегија прилагодена на малите и средните претпријатија.
9
Дали извозот носи придобивки за домашните компании?
Извозот носи многу предности. Најважните од нив се:
зголемена продажба,
конкурентност на повеќе пазари,
поголем профит и
намален ризик да бидат присутни на само еден пазар.
Извозот Ви помага да изградите глобална конкурентност, како и поголема репутација на домашниот пазар.
10
Како може компанија да аплицира за саем?
Агенцијата објавува јавен повик. Компанијата која е заинтересирана да стане ко-изложувач на одреден саем треба да пополни формулар за апликација што е дел од јавниот повик и да ги исполни потребните критериуми за избор на повикот.