Работен состанок со претставници на Агенција за инвестиции и развој од Албанија – АИДА

слика АИДА
Директорот на Invest North Macedonia, Газменд Абдија оствари средба со претставници од АИДА – Агенција за инвестиции и развој на Албанија. Претставниците на Invest North Macedonia и AIDA разговараа за начините за поддршка на компаниите од двете земји во проширувањето на нивните деловни активности олеснувајќи ги нивните планови за раст и проширување.
Имплементацијата на добри практики, размена на идеи и искуства, како и идентификување на области за соработка беа ставени во фокусот на средбата.
Invest North Macedonia останува посветена на градење на долгорочна соработка со АИДА во насока на јакнење на економската соработка меѓу Северна Македонија и Албанија.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest