Презентирани можностите за инвестирање пред кинески бизнис делегати

Slika 1

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Mакедонија, Газменд Абдија денеска оствари средба со Др. Johny Hon, Chairmen,претседател на глобална групација на компании(http://www.global.hk,) предводен  од г-нот Трајче Рушев, раководител на одделот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи.

На работната средба на кинеските делегати им беа презентирани поволната бизнис клима во Република Северна Македонија, како и дополнителните поволности за инвеститорите регулирани со Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Исто така беше дискутирана можноста за продлабочување на взаемната соработка и заедничка презентација на поволната бизнис клима во Република Северна Македонија и инвестициските можности пред поголем број на кинески компании.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest