Полско – Македонски Б2Б средби

slika 1
Денес во просториите на Стопанската комора на Република Северна Македонија се одржа настан посветен на унапредување на деловната соработка меѓу Северна Македонија и Полска.
Организатори на овој настан беа Агенција за странски инвестиции и промоција на извоз и Стопанска комора на Република Северна Македонија, заедно со нашите партнери – Полската агенција за инвестиции и трговија, a со поддршка на донаторски проект на УСАИД.
Интересот за вмрежување на стопанските комори на двете земји е огромен. На бизнис конференција повеќе од 12 компании од Полска од областа на енергетиката, инфраструктура , пакување и справување со отпад имаа можност да се вмрежат со 25 домашни компании.
На денешниот настан обраќање имаа извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија М-р Антони Пешев, Амбасадорот на Полска во Северна Македонија, Г-дин Кшиштоф Гжелчик, директорот на УСАИД во Северна Македонија Г-ѓа Џери Дајбл, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, г-дин Газменд Абдија и потпретседателот на Долношлеската стопанска комора Г-дин Мариуш Жебровски.
По завршување на официјалниот дел од настанот следеа Б2Б средби, додека во третиот дел сите компании учесници на настанот поединечно направија презентации на своите компании.
По денешните билатерални бизнис средби како прв настан и дел од тродневната посета, делегацијата ќе продолжи во ТИРЗ и Охрид.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest