Директорот Павлевски на денешната средба го информираше претседателот Пендаровски за тековните и идните активности на Агенцијата, како и за интересот и најавените странски инвестиции кои, како што рече, ќе придонесат за отварање на нови работни места.
Неопходно е сите релевантни чинители во државата да градат предвидлив бизнис амбиент, изјави претседателот Стево Пендаровски на денешната средба.
На средбата соговорниците разговараа за состојбите во државата во однос на обемот на странски директни инвестиции, како и за последиците и влијанието на Ковид пандемијата во процесот на привлекување на СДИ.