Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во РСМ, Газменд Абдија, во текот на минатата недела престојуваше во Тирана, каде пред фармацевтската компанија „CFO Pharma“ во Тирана ги презентираше можностите за инвестиции во земјава.
CFO Pharma“ располага со модерна и напредна инфраструктура за дистрибуција на фармацевтски производи, покрај тоа имаат квалификуван кадар со искуство во индустријата и ги следат високите стандарди за квалитет и безбедност.
Остануваме посветени на промовирање на земјата и можностите што ги нуди нашата земја за странските инвеститори.