Компанија од Швајцарија од фармацевтска индустрија заинтересирана за инвестирање во Северна Македонија

1
Директорот на Агенцијата, Зулфи Адили оствари работна средба со Silvia Huber, извршен директор и сопственик на DOMACO DNH NATURAL HIGHTECH компанија од Швајцарија. На состанокот беа присутни Ванеса Петерханс-Хубер, Раководител на проектен менаџмент, Марк Хубер Раководител за развој на бизнисот, и д-р Лумни Адеми, Раководител за контрола на квалитет. Станува збор за компанија од фармацевтската индустрија со искуство од над 103 години, која е присутна на пазарот во повеќе земји од светот.
Од страна на претставниците на компанијата беше изразен интерес за условите кои ги нуди Северна Македонија на странските инвеститори и подготвеноста за соработка со Агенцијата. За време на средбата директорот Адили ја изрази подготвеноста и посветеноста на Агенцијата за поддршка на странските инвестиции во нашата земја.
Повеќе информации на следниот линк:http://domaco.com/
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest