Директорот на Агенцијата Dejan Pavleski го презентираше истражувањето направено на примерок од над 1000 испитаници во Србија, пред претставници на повеќе компании членки на Стопанската Комора на Северна Македонија и Македонската асоцијација на преработувачи.
“Чест ми е што оваа истражување е добро прифатено од страна на домашните компании и што во иднина сериозно ќе им послужи во идните бизнис планови. Српскиот пазар е огромен потенцијал за македонските производи, има простор за зголемување на соработката”, истакна Павлески пред присутните.
Околу 20% од потрошувачите купуваат производи од Северна Македонија, при што најчесто се купуваат вино, ајвар и свежо овошје и зеленчук, покажа истражувањето.
Потрошувачите во Србија го препознаваат квалитетот на македонските производи кои се присутни и добро позиционирани во големите малопродажни ланци.
Агенцијата и во иднина ќе продолжи посветено да ги поддржува македонските компании во насока на истражување на нови пазари и развирање на стратегии за развој на компаниите со цел на нивното подобро позиционирање на пазарите во регионот и пошироко.