Почитувани инвеститори,
Одделот за грижа на корисници – инвеститори има креирано база на податоци за странски инвеститори во земјата. Со пополнување на формуларот за регистрација даден подолу и овозможувате на Вашата компанија да биде вклучена во базата на податоци на Invest North Macedonia за големи странски инвеститори.
Целта и придобивките од регистрацијата во оваа база на податоци е Вашите информации од базата на податоци да бидат искористени од страна на Invest North Macedonia за остварување на редовни контакти за исполнување на Вашите барања и потреби кои произлегуваат по Вашето започнување на бизнис во земјата, како и поврзување со домашните компании – добавувачи во насока на остварување на заедничка деловна соработка.
Пред да започнете со пополнување на формуларот за регистрација, Ве молиме, погледнете ги упатствата дадени на крајот од овој документ (Формулар за регистрација – англиска верзија).
Испратете го пополнетиот формулар на aftercare@invest.gov.mk
За сите дополнителни информации обратете се на тел. број: +389 2 3169 100
Ви благодариме за Вашето време и дадени информации.
Оддел за грижа на корисници – инвеститори