Република Северна Македонија е вистинска ризница на културата и уметноста, со бројни историски споменици низ целата земја. Културното наследство, во комбинација со умерената клима, прекрасните пејзажи и неспоредливо гостопримство, ја прави Северна Македонија привлечно место со големи туристички амбиции да стане врвна дестинација за странските посетители.
Континентална земја под влијание на медитеранската клима, Северна Македонија има голем потенцијал за развој и на летниот и на зимскиот туризам. Незагадениот воздух, почва и вода создаваат уникатно милје за еко-туризам, ставајќи ја Северна Македонија на врвот на понудите од најпопуларните светски оператори за еко-туризам. Со над 1.000 цркви и манастири, како и повеќе од 4.200 археолошки локалитети, Северна Македонија е меѓу лидерите во културниот туризам во Европа.