Заштита на правата од индустриска сопственост за поголема конкурентност на извозните пазари

IMG-20210118-WA0003

Директорот на Агенцијата, Дејан Павлески оствари средба со директорот на Државен завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски. На средбата се разговараше за заштита на правата од индустриска сопственост, еден од најважните фактори за компаниите кои ги земаат предвид доколку сакаат да инвестираат во странска земја.
Водејќи се од ова меѓународните компании детално ги анализираат регулативата и условите за инвестирање во некоја земја. Во таа насока, во својата извозна стратегија компаниите потребно е да ја вклучат и индустриска сопственост, која ја зголемува конкурентноста на извозните пазари.
Ова е исклучително важно и за домашните компании со извозен потенцијал бидејќи заштитата на индустриската сопственост е еден од поважните елементи за успешно функционирање на единствениот европски пазар.


Заштитата на индустриската сопственост, трговската марка или индустрискиот дизајн овозможуваат поволна позиција на пазарот и лојални клиенти за сопствените производи и услуги на странските пазари.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest