Заедно креираме поволен деловен амбиент со фокус на инфраструктура и подобра законска регулатива за сегашните и новите инвеститори

Владиниот економски тим на чело со Претседателот на Владата Зоран Заев на 17-ти декември одржа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Комората.

На состанокот се дискутираше за приоритетните прашања: во делот на законска регулатива, царински стапки, инфраструктура, даночни политики, работни односи, дигитализација како и останати прашања во насока на подобрување на деловната клима и на секојдневното работење.

Добрата и континуирана комуникација со инвеститорите е клучна за отпочнување на нови инвестиции, поттикнување на извозот, зајакнување на човечкиот капитал, а со тоа и подобрување на севкупниот економски раст во државата.За таа цел се преземаат мерки за ублажување на ефектите од пандемијата на краток рок, како и планирање за економски раст на среден и долг рок.

https://vlada.mk/node/23590

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest