Дејан Павлески посети две компании – корисници на финансиска поддршка

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески на 18-ти декември оствари работна посета на две компании – Текспорт и Кафе ди Артисан, успешни странски директни инвестиции и корисници на финансиска поддршка од Владата со вкупна вредност на инвестициите од 4 милиони евра во последните две години.

На средбите се дискутираше за текот на инвестициските активности и плановите за раст и развој на компаниите, како и за унапредувањето на соработката во насока на поврзување на постоечките инвеститори со домашните компании.

“Соработката со инвеститорите по започнувањето на нивниот бизнис е многу важна за нас, бидејќи ние ги разбираме деловните потреби кои постојано се менуваат, како што расте работата и за таа цел ние ветуваме дека ќе соработуваме тесно со компаниите за да го олесниме тој раст. Овие посети имаат за цел да го утврдат успехот, но и проблемите, како и деловните побарувања на компаниите, а нашето Одделение за грижа на инвеститори ќе продолжи да ги задоволува нивните потреби и да ги решава сите проблеми што можат да следат “, рече директорот Павлески.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest