Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари –март 2021 година бележи пораст од 18.1% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони, бродови, деловите на седишта и фероникелот.
Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
![](https://investnorthmacedonia.gov.mk/stored/2021/05/Izvoz-po-zemji-1-1024x551.gif)
Во периодот јануари – март 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.