Регистрација

Странски инвеститори

Почитувани инвеститори,

Одделот за грижа на корисници – инвеститори има креирано база на податоци за странски инвеститори во земјата. Со пополнување на формуларот за регистрација даден подолу и овозможувате на Вашата компанија да биде вклучена во базата на податоци на Invest North Macedonia за големи странски инвеститори.

Целта и придобивките од регистрацијата во оваа база на податоци е Вашите информации од базата на податоци да бидат искористени од страна на Invest North Macedonia за остварување на редовни контакти за исполнување на Вашите барања и потреби кои произлегуваат по Вашето започнување на бизнис во земјата, како и поврзување со домашните компании – добавувачи во насока на  остварување на заедничка деловна соработка.

Пред да започнете со пополнување на формуларот за регистрација, Ве молиме, погледнете ги упатствата дадени на крајот од овој документ.

Испратете го пополнетиот формулар на aftercare@investnorthmacedonia.gov.mk

За сите дополнителни информации обратете се на тел. број: ++ 389 2 3100 111, локал 138/121.

Ви благодариме за Вашето време и дадени информации.

Оддел за грижа на корисници – инвеститори

Домашни добавувачи

Почитувани добавувачи,

Со цел да се подобри соработката помеѓу странските инвеститори активни во земјата и домашните компании со потенцијал да станат нивни добавувачи, Одделот за грижа на корисници – инвеститори има креирано база на податоци за потенцијални домашни добавувачи.

Затоа, Ве молиме да ни ги дадете потребните информации со пополнување на приложениот прашалник за потенцијални добавувачи.

Испратете го пополнетиот формулар на aftercare@investnorthmacedonia.gov.mk

За сите дополнителни информации обратете се на тел. број: ++ 389 2 3100 111, локал 138/121.

Ви благодариме за Вашето време и дадени информации.

Оддел за грижа на корисници – инвеститори

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print