Нови алтернативни начини на промоција на извозот

Работна средба на претставници од компании од клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија со Арбен Виља, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и претставници на Агенцијата.
Денеска, во просториите на Стопанската Комора на Република Северна Македонија, се оддржа работна средба на која зедоа учество претставници на компании од Клубот на извозници и претставници на АСИПИРСМ, на тема дефининирање на приоритетните активности за извозна поддршка на домашните компании, а во насока на стимулирање и промовирање на извозот.

 

„Сакам да ја изразам нашата подготвеност за реализација на нови заеднички проекти и очекувам дека од денешните дискусии ќе произлезат конкретни барања, предлози и идеи кои ќе ги имплементираме во нашиот Предлог буџет за следната година, со единствена цел да додадеме вредност на извозниот процес и на тој начин да ги помогнеме домашните компании“ – нагласи Арбен Виља, во неговото обраќање до извозниците.
Со оглед на неизвесноста за оддржување саемски манифестации и останати вообичаени форми на промоција, претставниците на бизнисот дадоа свои предлози и идеи со барање за понатамошно делување на Стопанската комора и Агенцијата.
„Поради настаната криза со коронавирусот, повеќето планирани саемски манифестации до крајот на 2020, почетокот на 2021 година се откажани со што се појавува потребата за пренамена на средствата планирани за поддршка на извозните активности на домашните компании“- истакна претседателот на Клубот на извозници, Глигор Цветанов. Тој додаде дека, во наредниот период компаниите своите активности ги насочуваат кон дигитализација на процесите и зголемување на конкурентноста користејќи он-лајн алатки за промоција и продажба на производите.
Присутните компании порачаа дека во наредниот период потребно е да се фокусираат активностите кон потпомагање на компаниите во делот на дигитализацијата и имплементацијата на напредни технологии , настап на виртуелни саеми, изработка на он-лајн презентации и маркетинг стратегии за промоција на македонските компании и брендови на странските пазари, изработка на стратегија за настап на он-лајн пазари преку он-лајн продажба и обезбедување на поголема поддршка за зголемување на конкурентноста на домашните компании.
На средбата беше презентирана и новата веб страна на Агенцијата со порталот за промоција на извоз, како и мерките за финансиска поддршка со акцент на столбот 2 (Пораст на конкурентноста на компаниите за освојување нови пазари и освојување нови пазари и пораст на продажба).

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest