Тимот за услуги на инвеститори ќе Ве води низ почетната фаза на истражување, организирање соодветен план за патување и соодветни средби за посета во земјата. Откако ќе бидете присутни во земјата нашиот тим ќе Ви помогне со објективна проценка на потенцијалниот успех на Вашиот проект во споредба со соседните земји, врз база на моменталната деловна клима.
Доколку сметате дека земјата е соодветна локација за вашите деловни потреби, Invest North Macedonia ќе комуницира во Ваше име со органите на централната и локалната власт и ќе Ви помогне во текот на процесот за да се обезбеди отворен истражувачки дијалог.Ако пронаоѓањето локален деловен партнер во земјата е Ваш интерес, тимот за услуги на инвеститори заедно со нашиот одделот за унапредување на извозните активности ќе ги олеснат соодветните состаноци и ќе работат на исполнување на сите Ваши барања.