Мерки за финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност

1 ФП мк
Барање за доделување на на финансиска поддршка на инвестиции за инвестициски проекти надвор од технолошко – индустриски развојни зони и индустриски зони управувани од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони се доставува до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Корисници на финансиска поддршка на инвестиции можат да бидат деловни субјекти кои:
  • Имаат продуктивна почетна инвестиција
  • Оствариле пораст на вкупни приходи од работењето во последната година во однос на просекот од претходните 3 години или за пократок период доколку деловниот субјект е регистриран и започнал со дејност во период пократок од 4 години и
  • Просечниот број на вработени во последната година во однос на просекот од претходните три години не бил намален за повеќе од 5% или за пократок период доколку деловниот субјект е регистриран и започнал со дејност во период пократок од 4 години.
Краен рок за аплицирање: 31.05.2023 година
Повеќе информации на следниот линк: https://bit.ly/3Lcd7fm

 

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest