Invest North Macedonia со учество на Pure London

Pure London 4
Одржлива Мода и одржливост во сите области на текстилната индустрија се главните трендови кои беа презентирани на саемот PURE LONDON- PURE ORIGIN 2022.
Invest North Macedonia со свој национален штанд учествува на овој престижен саем заедно со пет македонски текстилни компании: Албатрос, Кули, Окитекс, Ист Комерц-Санда и Фор Лејди. Учеството на саемот е поддржано од Швајцарската програма за поддршка на извозот (SIPPO) и Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер.
На PURE LONDON за време на 3те саемски денови се очекуват околу 20,000 посетители,со над 1,300 колекции женска, машка и детска облека, како и 160 производители на облека и текстил од 13 земји, вклучувајќи ги Италија, Маурициус, Турција,Полска, Португалија и Тајван.
Ова е прво учество на Агенцијата на саемот PURE LONDON и претставува одлична можност за презентација на нашите производствени потенцијали на Англискиот пазар од каде што има голем интерес за македонските компании, кои ги следат светските трендови за одржливост и ја позиционираат Северна Македонија високо на текстилниот пазар во Европа.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest