Интервју за локално.мк со директорот Дејан Павлески: Десет странски компании во прелиминарни прeговори за инвестирање во земјата

Dejan-P-1

“Во 2018, 2019 и 2020 година вкупно СДИ од 1 милијарда и 350 милиони долари односно повеќе за 5 милиони долари од вкупните СДИ во претходните 5 години од 2013 до 2017 година,” ова е сериозен показател на атрактивноста која ја нуди нашата земја за странските инвеститори.Тоа ја покажува и стабилноста, сигурноста и извесноста за водење на бизнис која постои во земјата, истакна во интервју за “Локално”директорот на Агенцијата Дејан Павлески.

„Лани иако беше светска криза и рецесија, нивото на СДИ од 233 милиони долари е подобро од 2017 година за цели 17%. Значи, во услови на глобално намалување на СДИ ние имавме пораст изминатите години, а во услови на ковид криза оставаривме помало намалување од светскиот просек”, објаснува Павлески.

Потенцијалите за соработка помеѓу локалните компании и странските инвеститори се големи.Tоа покрај што ја раздвижува економијата води и до развој во примена на нови технологии, знаења и стандарди, а го раздвижува и претприемништвото со отворање на можности за нови продукти и услуги”, вели Павлески.

Од 40 компании- потенцијални инвеститори со кои се разговара, десет открива тој, се најзаинтересирани да вложат во нашата земја.Станува збор за фирми од Британија, Белгија, Холандија, САД и др. претежно од автомобилската индустрија и ИТ секторот.

„Во наредниот период очекувам официјализирање на неколку од нив што ќе значат стотина милиони евра нови инвестиции и неколку илјади нови работни места”,вели Павлески.

Целото интервју на следниот линк: https://bit.ly/3731OkM

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest