Светска банка ја потврди прогнозата за раст на БДП во Северна Македонија од 3,6% за 2021 година
Светската банка, во својот последен извештај за Глобалните економски изгледи, ја потврдува прогнозата за раст на БДП на Северна Македонија од 3,6% за 2021 година.
Банката ја ревидираше својата прогноза за глобален раст од 4,1 процент на 5,6 проценти за 2021 година, што претставува најбрзо пост – рецесиско закрепнување во последните 80 години, а во најголем дел произлезено од силните пост ковид скокови во неколку економии.
Растот на Западен Балкан се очекува да се врати на 4,4 проценти во 2021 година. Растот во Северна Македонија треба да се зајакне со забрзување на структурните реформи во подготовките за членство во ЕУ. Под-регионот исто така се очекува да има корист од неодамна усвоениот економски и инвестициски план на ЕУ, кој ќе мобилизира средства за поддршка на конкурентноста и инклузивниот раст, како и за зелена и
дигитална транзиција. https://www.worldbank.org/en/publication/global-economic-prospects