„Брако” – инвестиција од 8 милиони евра во нов производствен погон

Zaev

Претставена уникатната еколошка машина за чистење на урбани површини

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, како дел од владиниот економски тим, предводен од Претседателот на Владата, денеска во „Брако” – Велес, присуствуваше на презентацијата на новото еколошко возило за чистење на урбани површини GM 500 H2.

Новото возило за чистење урбани површини се придвижува на водород кој се смета за најчисто еко гориво. Револуционерната еколошка иновација која воопшто не испушта јаглероден диокид во воздухот е создадена од компанијата “Грин машинс”, чиј доминантен сопственик е велешката “Брако”.

Покрај машината што користи водород, под брендот „Грин машинс”  изработен е и камионот GM995, кое што ќе биде најголемото возило што се произведува во „Брако”.

Дополнително, компанијата инвестира  осум милиони евра во нови производствени капацитети, што е значаен чекор во време на глобална пандемија.

Во рамки на циклусот на нови инвестиции, компанијата вложила во напредната технологија на CNC-управувачки машини, нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за лин-производство, како и во нова менза за вработените.

И покрај кризата,  „Брако” не доживеа пад на производството, го зголеми бројот на вработени и сега дел од ова претпријатие се повеќе од 600 лица.

Велешката компанија е меѓу технолошки најсовремените во земјава, а со 95 отсто од производството наменето исклучиво за извоз во над 30 земји, таа е еден од најуспешните извозници во Северна Македонија.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest