Македонски компании од прехранбената индустрија на Б2Б средби во Полска

POlska 7

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со поддршка на економскиот советник за Полска, Амбасадорот Илија Псалтиров, a во соработка со стопанските комори од земјата и Македонската асоцијација на преработувачи МАП, Агенцијата за инвестиции и трговија од Полска и Полско-балканската трговска комора организираше “Македонско-Полски Б2Б настан” во Варшава, Полска.

На отварањето на настанот се обрати директорот на Агенцијата, Беким Емини со покана до полските бизнисмени да ја посетат Северна Македонија и одблиску да се запознаат со инвестицискиот и извозниот потенцијал на Северна Македонија. “Промоцијата на производите од прехранбената индустрија со поддршка на Агенцијата има за цел да обезбеди поддршка за домашните извозни компании за пласман на производите на странските пазари како и продлабочување на соработката меѓу компаниите од двете земји со крајна цел зголемување на трговската размена меѓу двете земји”, истакна директорот на Агенцијата.

На настанот присуствуваа полски компании кои работат со увоз и дистрибуција на прехранбени производи за поголемите ланци на супермаркети и кои имаат интерес за соработка со македонски компании.

Во рамките на Б2Б средбите беше организиран и мини саем за дегустација на македонски производи – пијалоци, вино и храна, како и networking настан каде македонските производители од прехранбената индустрија имаа можност на сопствени штандови да ги презентираат своите производи пред потенцијалните купувачи од Полска и да остварат директни средби со истите.

Вкупно 12 домашни производители со свои производи се вклучија во дегустацијата меѓу кои и три винарии Имако, Бовин и Далвина, три кондиторски компании Витаминка, Мекробин и КИМ шест производители на ајвар и останати преработки од овошје и зеленчук Техноалат Комерц, Алтера Фуд, Ларс, Бест Фуд, Хортена и Вори.

Како резултат од средбите меѓу компаниите од двете земји беше склучувањето на договор за извоз на вино од винаријата Далвина, а се очекува во периодот што следи склучување на договори и со останатите компании присутни на настанот.

 

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest