Invest North Macedonia со свој штанд на дводневниот бизнис настан Suppliers Balkan Expo – SUBEX

1
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот зеде учество со свој штанд на дводневниот бизнис настан Suppliers Balkan Expo – SUBEX организиран од страна на AHK Nordmazedonien кој се одржа на 25-ти и 26-ти октомври.
На штандот на Invest North Macedonia беа претставени производи од три македонски компании и тоа од прехранбена индустрија и хемиска индустрија, а на заинтересираните компании – учесници на настанот од земјата и странство им беа презентирани инвестициските и извозните потенцијали на Северна Македонија.
Целта на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилна, дрвна и прехранбена индустрија од Северна Македонија со компании купувачи од Германија, Романија, Албанија, Косово, Србија, Белгија и Австрија.
Во рамки на настанот беа одржани 7 панел дискусии, повеќе од 250 Б2Б средби, саем за компании изложувачи и саем за кариерен развој и вработување.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest