Зголемен извозот за 10,7 % на странски пазари за ИКТ услуги во изминатата пандемична година надминувајќи 241 милиони евра.
Извозот на информатички и компјутерски услуги бележи раст во изминатите неколку години, кој не беше попречен ниту со пандемијата. Во споредба со претходните 5 години извозот е зголемен за 61 %. Но растот е значително поголем во делот на компјутерски услуги кој во изминатите пет години е зголемен за 131%.
Податоците покажуваат дека извозот на ИКТ индустријата минатата година достигна 241,6 милиони евра. Најголем дел од овој извоз или 215 милиони евра отпаѓа на извоз на компјутерски услуги, 16 милиони евра на телекомуникациски услуги и 10,8 милиони евра на информатички услуги.
Најголеми извозни пазари за македонските ИТ компании се САД, Германија, Србија, Бугарија и Албанија.