Денеска во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, директорот на Агенцијата Дејан Павлески имаше работен состанок со јапонскиот Амбасадор Хиронори Савада.
Амбасадорот на Јапонија го пренесе пројавениот интерес од јапонски компании за инвестирање во Северна Македонија. Со цел запознавање со можностите за инвестирање како и за донесување одлука за конкретна соработка на Амбасадорот му беа презентирани инвестициските и извозните потенцијали на земјава. Во наредниот период следуваат активности за унапредување на трговската соработка, за што има голем потенцијал, главно за извоз на македонски производи на јапонскиот пазар но и активности во привлекувањето на јапонски компании да инвестираат во нашата земја.