Соработка меѓу Invest North Macedonia и Министерство за социјална политика, демографија и млади за зајакнување на инвестициската клима и вработувањето на младите

Slika direktor

Директорот на Invest North Macedonia, Рефик Џемаили одржа работна средба со државниот секретар во Министерство за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу.

На средбата беше заклучено дека промовирањето иницијативи за социјална политика заедно со инвестициските стимулации ќе создаде поинклузивна клима за инвестирање и ќе ја направи земјата поатрактивна дестинација за инвеститорите. Координираниот институционален пристап значително ќе ги подобри иницијативите за вработување на младите. Со користење на мрежата и експертизата на Агенцијата ќе се идентификуваат и привлечат странски компании со висок потенцијал за отворање работни места.

Друга битна област на соработка е демографското истражување и планирањето на политиките.Следејќи ги демографските трендови Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе обезбеди прецизни информации за креирање на стратегии за привлекување на  инвестиции кои се насочени кон региони и сектори усогласени со долгорочните демографски цели на земјата.

Идната и подобрена соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Министерството за социјална политика, демографија и млади има значителен потенцијал за социо-економскиот развој на земјата, олеснување на административните процеси, намалување на бирократските пречки и подобрување на условите за започнување и водење бизнис во земјата.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest