Работни средби на директорот Газменд Абдија во Абу Даби, ОАЕ

1
Во рамки на Светскиот инвестициски форум во Абу Даби, директорот на Агенцијата, Газменд Абдија придружуван од економскиот советник Бекри Ајдини оствари работна средба со Abu Dhabi Department of Economic Development и ADQ – Развојниот холдинг на Абу Даби, ОАЕ.
ADDED е организација која работи на зголемување на економскиот раст преку зајакнување на приватниот сектор, поттикнување иновации и јакнење на конкуретноста на компаниите во Абу Даби.ADQ е инвестициска и холдинг компанија која работи на трансформацијата и јакнењето на економијата во Емиратите базирана на знаење.
Во рамки на состаноците беа детектирани неколку области на соработка меѓу компании од Абу Даби и Северна Македонија и заклучено беше дека постои голем потенцијал за зголемување на економската соработка со посебен акцент на земјоделието и производство на храна, енергетикa и туризам, а во таа насока беше нагласена и потребата за воспоставување на директната авио линија од Северна Македонија до Абу Даби.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest