Агенцијата за странски инвестции и промоција на извозот оддржа работена средба на тема „Брендирање на текстилни компании во Република Северна Македонија“.
На средбите се дискутираше за текот на инвестициските активности и плановите за раст и развој на компаниите, како и за унапредувањето на соработката во насока на поврзување на постоечките инвеститори со домашните компании.
На средбата на која беа присутни текстилни компании, членки на текстилниот кластер кои веќе имаат превземно активности за развој на својот бренд кои дадоа свои предлози и предизвици на секторот, како и на кој начин дополнително Агенцијата би можела да се вклучи во постигнување на вака поставените цели, а со заедничка цел зголемување на извозот.
Целта на средбата беше да се разменат мислења како да се додаде нова вредност во текстилната индустрија и како да се освојуваат нови пазари.
Еден од главните заклучоци на работната средба беше дека зголемувањето на вредноста може да се направи само со етаблирање на сопствени брендови, надминување на логистичи предизвици, набавка на модерна опрема и организиран настап на странските пазраи.