Прва јужнокорејска инвестиција во земјата од 30 милиони евра

DSC_2119

Нов инвестициски проект вреден 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект во земјава во кој ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.

Проектот денеска во Владата пред премиерот Зоран Заев го презентираше менаџментот на глобално реномираните компании “Дура аутомотив системс” и “Алмак”.

Денешната средба е во пресрет на официјалниот старт на инвестициските активности на двете компании што ќе биде ознaчен утре во Технолошко – индустриската развојна зона – Скопје 2.

На средбата во Владата присуствуваа и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Дејан Павлески, како и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Премиерот Заев пред делегацијата предводена од менаџментот на компаниите истакна дека на земјата и се потребни инвестиции, особено оние кои значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, а сето тоа ќе влијае на севкупниот економски раст.

Почетокот на производството се планира за следната година.

Компанијата од Јужна Кореа “Алмак” со 70% ќе го има мнозинскиот удел во заедничкиот инвестициски проект. Главната причина за нивната одлука да вложат во Северна Македоннија како што истакнаа од менаџментот на средбата, било позитивното искуство на нивниот бизнис партнер “Дура аутомотив системс”, кои ја потврдиле одличната деловна клима во земјава и можноста за долгорочно планирање и развој на заедничкиот проект.

Прочитај повеќе:bit.ly/3jYPuIt

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest