Агенцијата иницира вклучување на општините и локалните бизниси во процесот на привлекување на нови инвестиции

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ одржа работен состанок со претставници на општините и компании од Пелагонискиот плански регион, на кој ја презентираше иницијативата за нивно активно ангажирање во насока на обезбедување нови можности за заинтересираните инвеститори како и забрзување на постапките за реализација на нови инвестиции.
Директорот Павлески побара од претставниците на локалната самоуправа да направат ревизија на нивните планови и да идентификуваат локации кои може да се понудат на заинтересирани инвеститори за Гринфилд инвестиции.
Дополнително ги повика и стопанствениците кои имаат неискористени објекти да ги понудат на Агенцијата која ќе ги понуди на за заинтересирани инвеститори кои бараат локации и можности за браунфилд-инвестиции.

Агенцијата се понуди да се јави како фасцилитатор на процесите и интеракциите на општините со други државни институции за забрзување на добивањето на сите потребни одобренија за инвеститорите.
На стопанствениците им беа презентирани и можностите кои ги нудат порталите развиени од агенцијата каде на се нудат три клучни бенефити. Портал кој овозможува странските инвеститори да пронајдат, да стапат во контакт и да обезбедат домашни добавувачи, портал за презентација на извозната понуда на македонските компании и портал за браунфилд инвестиции на кој заинтересираните инвеститори можат да пронајдат и да упатат барање за расположлива конкретна локација.

На презентацијата беа претставени и мерките за унапредување на индустриската политика и за поттикнување на инвестициите кои се нудат преку .Законот за финансика поддршка на инвестициите.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest