Денеска во просториите на Invest North Macedonia директорот Газменд Абдија оствари средба со амбасадорот на Република Полска, г-дин Кшиштоф Гжелчик и заменик амбасадорот г-дин Пиотр Восоцки. На средбата присуствуваше и преставникот на Полската Агенција за инвестиции и трговија Кшиштов Пшилуцки, Раководител за надворешна трговија со преставништво во Софија, како и претставници од Invest North Macedonia.
Во фокусот на денешната средба беа инвестициските и извозните потенцијали на земјата, како и планирање и реализација на заеднички активности во втората половина од годината што ќе овозможи јакнење на економската соработка меѓу Северна Македонија и Полска.
Потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Invest North Macedonia и Полската агенција за инвестиции претставува значаен исчекор и поттик за остварување на нови деловни врски и поврзување на македонските и полските компании. Во таа насока во 2021 година беше организиран полско-македонскиот бизнис форум во Скопје на кој присуствуваа над 60 македонски и полски компании и се одржаа Б2Б средби и презентации, а минатата година се одржа Македонско-полски Б2Б настан во Варшава на кој учество земаа 12 македонски компании, а настанот резултираше со склучување на договор за извоз на вино од една македонска винарија.
Нашата успешната соработка е основа за градење на нови партнерства и зајакнување на соработката меѓу македонските и полските компании, беше заеднички заклучено на денешната средба.
Invest North Macedonia останува силно фокусирана на градење и одржување на традиционално добрата соработка со Полската агенција за инвестиции и трговија, како и јакнење на бизнис соработката меѓу македонските и полските компании, зголемување на трговската размена меѓу земјите и поттикнување на инвестициите кои се клучни за градење на нови партнерства.