Поддршка за македонските текстилни компании

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески на 16 декември беше во работна посета на текстилни компании во источниот регион од земјата. Работните средби се одржаа со менаџментот на компаниите и на истите присуствуваше Наташа Сивеска – Извршен директор на Трговско Текстилно здружение -Текстилен кластер.

Во текот на денешната посета, реализирани беа работни средби со компаниите Албатрос од Штип, како и Данитекс и Метас од Кочани. Овие компании во 2018 и 2019 година со поддршка на Агенцијата имаа можност успешно да се претстават на националниот штанд на саемот за текстилна индустрија во Минхен – Munich Fabric Start, во организација на Агенцијата, Текстилниот кластер и SIPPO.

Македонски компании кои работат за познати светски брендови и произведуваат облека и останати текстилни производи по лон систем. Целото нивно производство е главно наменето за извоз. Нивните производи можат да се најдат на пазарите во Германија, Швајцарија, Белгија, Англија, Шведска, САД и Канада.

“Како резултат на учеството на меѓународните саеми на македонските компании во целост организирани и поддржани од Агенцијата текстилните компании бележат раст на извозот. Ако нашата цел е успешна индустрија и економија, треба да го јакнеме извозниот потенцијал на домашните компании. Тоа од друга страна значи зголемување на нивната конкурентност и продуктивност како резултат на инвестирање во нови технологии и знаење и добро менаџирање. Само на тој начин ќе обезбедиме поголем извоз на компаниите, јакнење на нивните брендови и позиционирање на поголем број странски пазари, а со тоа ќе се обезбеди додадена вредност во работењето на самите компании. Позитивниот тренд и активната промоција на извозните потенцијали на домашните компании се наш приоритет и за 2021 година” ова на средбите го истакна директорот на Агенцијата, Дејан Павлески.

Текстилната и кожарската индустрија се едни од водечките во нашата земја и имаат високо учество во БДП, ангажирање на работна сила и вкупниот извозот на земјата. Вкупниот извоз на овие индустрии во 2019 година изнесувал околу 570 милиони евра. Околу 13% од вкупното индустриско производство отпаѓа на текстилната индустрија, а во индустријата се вработуваат над 37.000 луѓе.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest