Директорот на Агенцијата г-дин Bekim Emini и Mинистерот без ресор – задолжен за дијаспора Xhemail Çupi вчера ги презентираа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија пред албанската дијаспора која живее и работи во во Њујорк, САД.
Настанот беше организиран од страна на Здружението Дибра од Њујорк, САД. На настанот беа разгледани можностите за остварување на поблиска заедничка соработка особено во делот на туризмот, градежништвото, консалтингот.
Се очекува наскоро овие средби да бидат проследени со други активности во наредните месеци.