Дејан Павлески, директор на Агенцијата е еден од 15-те судии кои денеска ја вршат селекцијата на пријавените светски компании на Go Global Awards 2021 во организација на Мeѓународниот трговски совет (International Trade Council) со седиште во Вашингтон, САД.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за прв пат е дел од доделувањето на престижните признанија на компании на меѓународно ниво, откако претходно зема учество на меѓународната конференција The Think Global Conference организирана од International Trade Council во април оваа година на која како почесен говорник се обрати директорот на Агенцијата со презентација за инвестициските и извозните потенцијали на земјата.
Учеството на Go Global Awards на компаниите учеснички обезбедува деловно вмрежување, влез на нови пазари и дава “билет” за нови деловни можности.
Оваа година за престижните награди на “Go Global” беа пријавени 4372 компании од 176 земји, од кои 780 влегоа во конкуренција за освојување на награда.
Добитницитете на наградите ќе бидат објавени на 5 октомври 2021 и истите добиваат пристап до уникатни меѓународни платформи преку обемната мрежа на членови на Меѓународниот трговски совет во 176 земји.
Дознајте повеќе за наградите на www.goglobalawards.org