Директорот на Invest North Macedonia Газменд Абдија, се сретна со генералниот директор на Агенцијата за инвестиции и поддршка на претпријатијата во Косово (КИЕСА), Зеф Дедај.
Средба беше многу конструктивна и се разговараше за активностите на двете агенции, како и за можностите за идна соработка.
Директорот Абдија потенцираше дека верува дека ова е само почеток на успешна соработка меѓу двете земји и нашите две агенции.
Во разговорот беше нагласена важноста од градење силни врски меѓу нашите две земји во деловната сфера, особено во производството на храна.
Во таа насока, договорено е да се организираат Б2Б состаноци меѓу македонските компании и компании од Косово за да се помогне во развојот на бизнисот и зголемување на инвестициите.
Исто така, на средбата беше разгледана и можноста за потпишување на Меморандум за соработка во блиска иднина, со цел интензивирање на институционалната соработка и промоција на инвестициите и отворениот бизнис.