Директорот Газменд Абдија во посета на Турција

slika 2
Посетата на Invest North Macedonia на Турција, започна со продуктивен состанок во Првата организирана индустриска зона (OSB) во Анкара. Директорот Газменд Абдија, на група ценети претставници од турски компании им ги претстави инвестициските можности што ги нуди Северна Македонија.
  За време на средбата, г-дин Абдија ги истакна бројните предности и стимулации достапни за бизнисите во Северна Македонија. Од стратешка локација и квалификувана работна сила до поволно деловно опкружување, Северна Македонија претставува одлична локација за инвеститорите кои бараат раст и проширување на своите бизниси.
Претставниците од турските компании покажаа голем ентузијазам и интерес за истражување на можностите за соработка со македонските компании. Конструктивните дискусии и размената на идеи, како и длабоко вкоренетите односи и меѓусебната доверба придонесува за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите две земји. Директорот Абдија изрази искрена благодарност до АСО 1 организирана индустриска зона за нивното топло гостопримство и беспрекорна организацијa и упати срдечна покана до турската делегација да ја посетат Северна Македонија.
Invest North Macedonia е посветена на негување и проширување на деловните односи со Турција. Цврсто веруваме дека соработката меѓу нашите две земји ќе доведе до заеднички просперитет и раст.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest