Водење бизнис со ЕУ – Како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Северна Македонија и Полска?

Macedonian and Polish flags. Vector illustration.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Ве поканува на Конференција:”Водење бизнис со ЕУ – како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Северна Македонија и Полска” што ќе се одржи на 25.09.2023 година (понеделник)  во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5 кат од 11:00 -16:00 часот.

Конференцијата се организира во рамки на „Проектот за поддршка на регионалната интеграција на приватниот сектор“ што се спроведува во партнерство со Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Полската амбасада во Скопје, Invest North Macedonia, Полската агенција за инвестиции и трговија (ПАИХ) и Долношлеската стопанската комора.

Целта на коференцијата е да се претстават можностите за интензивирање на трговската соработка меѓу двете земји и да се охрабри соработката во насока на интернационализација на пазарите на патот кон ЕУ.  По официјалниот дел на конференцијата, ќе се одржат и поединечни деловни средби меѓу македонски и полски компании.

Пријава за учество на конференцијата на тел.: 02/3244 051 и е-пошта: ivana@mchamber.mk.
 

 

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest