Извозот е важен фактор за стабилен економски развој и влијае на подобрување на меѓународната конкурентност на земјата. Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија е вклучена во промоција на домашни производи и услуги на странските пазари и обезбедува помош во процесот на зголемување на нивниот извоз.
Извозот може да ја зголеми продажбата и профитот доколку стоката создаде нови пазари или ги прошири постојните, па дури може да претставува и можност за зафаќање значителен удел на пазарот.
Исто така, домашните компании кои извезуваат на странски пазари добиваат ново знаење и искуство што може да овозможи откривање на нови технологии, линии на производи, увид во странски конкуренти и маркетинг практика.
Деловните операции со извоз може да се подобрат со разбирање на меѓународните односи за маркетинг барања преку постојана и стабилна комуникација меѓу партнерите.
Прекуграничните односи исто така бараат познавање на странски култури и вредности на места каде се одвива деловна активност.
Исто така, деловното работење и извозот може да се подобрат со зголемување на свеста кај домашните компании за придобивките од извозните активности преку постојани информации за глобалните трендови и анимирање на домашните компании преку стопански комори и помали кластери и здруженија за учество на меѓународни трговски настани: Б2Б состаноци и деловна конференција, а исто така заземаат места на саеми на заеднички национални штандови.