Директорот на Invest North Macedonia Зулфи Адили оствари средба со претставници од Министерството за индустрија, претприемништво и трговија на Република Косово задолжени за инвестиции и инвестициска политика.
![](https://investnorthmacedonia.gov.mk/stored/2024/03/2-2-300x200.jpg)
На средбата беа дискутирани можностите за соработка и размена на искуства, стратешките определби на двете земји во делот на инвестициската политика и подобрување на бизнис климата и остварување на поголема трговска соработка.
![](https://investnorthmacedonia.gov.mk/stored/2024/03/3-2-300x200.jpg)
Invest North Macedonia останува силно посветена на градење на нови врски и соработка со цел јакнење на економската соработка меѓу Северна Македонија и Република Косово.