Aftercare

Грижа на корисници – инвеститори

Одделот за грижа на корисници – инвеститори има за цел да обезбеди професионална и навремена грижа за потребите на сите странски инвеститори во земјата. Откако ќе ја започнете Вашата деловна активност во земјата, ние ќе продолжиме да се грижиме за Вашите потреби и барања и да ги решаваме сите проблеми што може да следат во фазата на пост-инвестициски активности. Исполнувањето на Вашите деловни барања е наша примарна цел.

Одделот за грижа на корисници – инвеститори соработува со владини институции и сите релевантни институции во земјата и обезбедува соодветни одговори на потребите и барањата на сите странски инвеститори во земјата.

Задоволството на локалните и странските инвеститори од деловното опкружување на земјата директно се рефлектира во растот на економијата, вклучувајќи ги и продукциите со висока додадена вредност. Сето ова придонесува за подобрување на конкурентноста на економијата.

Последователната грижа за инвеститорите опфаќа цела низа активности.

Нашата цел е да ја прилагодиме поддршка на инвеститорите на нивните специфичните потреби и тоа:

  • Поддршка за проширување, реинвестирање и развој на истражувачки капацитети Помош при барање соодветни индустриски зони и деловни други деловни барања;
  • Барање добавувачи во соодветниот регион;
  • Обезбедување поддршка во областа на човечките ресурси;
  • Промовирање на соработка помеѓу инвеститори и средни училишта, стручни колеџи и универзитети;
  • Обезбедување преговори со локалните власти, органите на државната управа и јавните институции и
  • Упатство за странски државјани-апликанти во процесот на добивање / продолжување на дозвола за привремен престој и работа по нивното барање до институционалните власти во врска со ова прашање.

Сите наши услуги се обезбедуваат бесплатно. Работејќи заедно и градејќи долгорочна врска со присутните инвеститори и домашните компании, можеме да обезбедиме успех во нивното деловно работење во земјата и да го споделиме тоа искуство за исполнување на барањата на деловната заедница.

Контакт е-маил адреса: aftercare@investnorthmacedonia.gov.mk

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print