Македонско-словачки бизнис форум: Стратешко партнерство за инвестиции и трговија

slika 1
Со јасна цел за зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка, денеска во Скопје се одржа Македонско–словачкиот бизнис форум, во ко-организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот обедини над 50 компании од двете земји, како и претставници на клучни институции и бизнис-асоцијации.
Клучен резултат од форумот беше потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (Invest North Macedonia) и Словачката агенција за инвестиции и развој на трговијата (SARIO), од страна на директорите Рефик Џемаили и Егон Зорад. Со ова се воспоставува посилна институционална рамка за заедничка промоција, размена на информации и поддршка на инвеститорите и извозно ориентираните компании.
Форумот овозможи директна платформа за поврзување на бизнис-заедниците, преку B2B и B2G средби, networking и matchmaking, при што беа иницирани конкретни разговори за инвестиции, заеднички проекти и извозни партнерства. Презентациите за инвестициските можности и извозните потенцијали на Северна Македонија, со фокус на сектори со висока додадена вредност, ја потврдија позицијата на земјата како конкурентна и стабилна инвестициска дестинација во регионот.
Форумот беше официјално отворен од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за финансии на Словачка, Ладислав Каменицки, што испраќа силна порака за политичка поддршка и стратешка определба за продлабочување на билатералните економски односи.
Агенцијата останува цврсто посветена на привлекување квалитетни странски инвестиции, поттикнување на извозот и јакнење на конкурентноста на македонската економија, преку активна поддршка на компаниите во реализација на конкретни проекти и одржливи партнерства.
 
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest
    Cart